Повик за учесници – „AI-Ready Youth Work“ Erasmus+ тренинг во Унгарија

Инфо за Младински Организации
8 views

Дали си младински работник, едукатор или личност која сака да придонесе за зајакнување на младите преку иновации?

Порака Нова нуди нова можност за учесници од Македонија за Erasmus+ тренингот „AI-Ready Youth Work“, кој ќе се одржи од 17 до 25 август во Морахалом, Унгарија.

На обуката ќе учествуваат претставници од Унгарија, Грузија, Македонија, Албанија, Италија и Словачка, кои заедно ќе истражуваат како вештачката интелигенција (AI) може да се користи одговорно, етички и креативно во младинската работа и неформалното образование.

Учесниците ќе стекнат практични знаења за:

  • Генеративни AI алатки за младинска работа
  • Креативност и критичко размислување
  • Дигитална инклузија
  • Одговорна употреба на AI, онлајн ризици и етички аспекти

Сместувањето и храната се целосно обезбедени, а патните трошоци се покриени согласно правилата на програмата Erasmus+.

Доколку сакаш да ги унапредиш своите дигитални компетенции и да се поврзеш со младински работници од цела Европа, те охрабруваме да се пријавиш!

 

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: