ПОВИК ЗА ИЗРАЗУВАЊЕ ИНТЕРЕС за учество во АКАДЕМИЈА ЗА ГРАЃАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ

Инфо за Младински Организации
9 views

Граѓанскиот ресурсен центар објави повик за граѓанските организации кои сакаат да ги зајакнат своите организациски капацитети, отпорност и одржливост. Академијата е тримесечна програма што комбинира организациска самооценка, онлајн курсеви, обуки во живо, менторство и практична работа. Академијата опфаќа три меѓусебно поврзани модули и покрива теми како управување, стратешко планирање, застапување, мобилизирање на резурси и одржливост, развивање на проектна идеа и управување со проекти, итн.  До крајот на циклусот, секоја организација треба да постигне конкретни резултати, меѓу кои: ревидирани стратешки цели и приоритети, изготвени логичка рамка со буџет, план за комуникација, план за застапување, програма за волонтерство, итн.

Учеството во Академијата е ограничено на максимум 15 организации.

Рокот за изразување интерес е 18 септември 2026 година.
Повеќе иформации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: