Повик за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации

Проектот „Култура за развој“ го објавува Повикот за поднесување предлог-проекти за доделување на Грантови за зајакнување на капацитети на организации (Boost Grants Scheme), наменет за поддршка на граѓанските организации од областа на културата и уметноста во Република Северна Македонија.

Целта на овој повик е зајакнување на капацитетите на независните културни организации, особено оние со ограничен организациски капацитет, но со силен програмски потенцијал. Поддршката е насочена кон подобрување на управувањето, раководењето, финансиските системи, комуникацијата и институционалната отпорност, овозможувајќи им да планираат, управуваат и реализираат одржливи културни програми.

Апликантот мора да биде регистриран како правно лице во Централниот регистар на Република Северна Македонија и мора да има претходно тригодишно оперативно работење и искуство во реализација на културни и уметнички проекти.

Вкупниот износ на грантот по организација е до 1.950.000 МКД, кои ќе бидат исплатени во текот на две години.

Рок за аплицирање: 09.03.2026 до 23:59 часот

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: