ИМЕ НА ПРОГРАМАТА:
Проект СМАРТ
ИЗВОР НА ФИНАНСИРАЊЕ:
Министерството за надворешни работи на Кралството Норвешка
КРАЕН РОК:
31 јули 2023
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА:
Општа цел на проектот СМАРТ Балкан е да придонесе кон зајакнување на партиципативните демократии и евроатлантските интеграции во Западен Балкан преку зајакнување и поттикнување на граѓанските организации и мрежите на граѓанските организации за посилна и поактивна улога во создавање на мирни и инклузивни општества за одржлив развој во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора, Северна Македонија и Србија.
КОЈ МОЖЕ ДА АПЛИЦИРА:
Оперативните грантови се наменети за граѓанските организации кои се со среден капацитет и се делотворни и кои вршат значајни влијанија во полето на безбедноста и стабилноста и/или доброто владеење и имаат потенцијал за уште поголемо влијание:
- да биде правно лице и
- да врши непрофитна дејност и
- да биде граѓанска организација која делува во едно или повеќе релевантни тематски полиња во однос на Повикот за аплицирање за Оперативен грант, со исклучок на политички, верски и религиозни организации, како и локални претставништва на меѓународни организации и
- да биде граѓанска организација основана во Северна Македонија и
- да има минимум 3 години искуство во полето на овој повик и
- да биде претежно ориентирана кон застапување.
БУЏЕТ:
од 306,000 NOK до 1,020,000 NOK (околу 30.000 – 100.000 EUR)
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ…
Извор: на следниот ЛИНК.