Повик до граѓанските организации од Кочани

Во рамките на регионалниот проект „Поддршка од ЕУ за градење доверба на Западен Балкан“  спроведуван од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) е објавен повик до граѓанските организации со седиште во Кочани да достават предлог- проекти насочени кон поттикнување на заздравувањето на заедницата, градењето доверба и јакнењето на младите по трагичните настани што се случија во март 2025 година.

Избраните проекти ќе добијат поддршка преку грантови до максимум 9.400 евра. Финансиските средства за поддршка на механизмот за регрантирање за Северна Македонија изнесуваат 47.000 евра и истите ќе бидат распределени врз основа на конечната одлука на Регионалната комисија за избор, на максимум 5 предлог проекти.

Краен рок за процесот на аплицирање е 28 ноември 2025 (петок).

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: