Министерството за правда организира јавна расправа за Предлог Законот за здруженија и фондации и ги поканува сите заинтересирани да учествуваат во процесот на јавни консултации. Јавната расправа ќе се одржи во Скопје – 12.02.2026 (четврток), 11:00 часот, Хотел Мериот.
Предлог-законот е достапен за јавен увид на ЕНЕР на https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=73921, а сите мислења и забелешки искажани на расправите ќе бидат разгледани на ист начин како и писмените коментари доставени преку системот.
Настанот се организира со поддршка од проектот финансиран од ЕУ „Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“.
Потврдете го вашето присуство :
[email protected] | [email protected]



