Отворен е повикот за „Проекти за европска соработка“ во рамките на програмата Креативна Европа – потпрограма Култура за 2026 година со краен рок за поднесување на предлог-проектите 5 мај 2026 година до 17:00 часот (по средноевропско време)
Поддршката на Европската Унија во рамките на повикот за „Проекти за европска соработка“ е наменета за проекти со широк спектар активности и иницијативи кои вклучуваат организации од културните и од креативните сектори во 40-те земји учеснички во програмата Креативна Европа – потпрограма Култура.
Повикот за европска соработка за 2026 година се однесува на две категории:
Проекти за соработка од мал обем (CREA-CULT-2025-COOP-1): минимум 3 партнери од 3 квалификувани земји/ЕУ-грант до 200 000 евра (до 80 % од вкупниот буџет на проектот);
Проекти за соработка од среден обем (CREA-CULT-2025-COOP-2): минимум 5 партнери од 5 квалификувани земји/ ЕУ-грант до 1 000 000 евра (до 70 % од вкупниот буџет на проектот).
Времетраењето на проектите од двете категории изнесува максимум 48 месеци.
Повеќе информации на следниот линк.




