Објавен повик до граѓанскиот сектор за придонес во подготвување на годишната Програма за работа на Владата за 2027 година

Согласно член 14 од Кодексот на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во процесот на креирање политики, се повикуваат граѓанските организации активно да придонесат во подготвувањето на годишната Програма за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2027 година.

Иницијативите треба да се однесуваат на конкретни законски одредби и да се во функција на остварување на стратешките приоритети Владата, согласно Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија 2024-2028 година.

Пополнетиот Образец на Предлог-иницијатива се доставува електронски на  [email protected] до 15.09.2026 година, со назнака: Иницијатива за ГПРВ 2027.

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: