ИНФОРМИРАЈ СЕМЦО ПРАЈТ
172

Презентација во МЦО за НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ

НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ РАКОТ
07.03.2024 (четврток) од 18:00ч во Младински Центар Охрид

Посветени на своите активности во Здравствено-превентивната дејност, а во рамки на одбележувањето на
Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Раната детекција спасува живот“, Црвен крст Охрид
организира активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и
навремено дијагностицирање на малигните заболувања.

Во таа насока, Црвен крст Охрид во соработка со Младинскиот центар Охрид организира предавање на тема
„Фотодерматози-причини, симптоми, стадиуми, превенција и лечење“, кое ќе се реализира на 07.03.2024
(четврток) со почеток во 18 ч., во просториите на Младинскиот центар Охрид (Касарна Охрид). Предавач ќе биде
Д-р Перчо Бачев, спец.дерматовенеролог.

Искористете ја можноста да дознаете повеќе за Фотодерматозите-промени на кожата кои настануваат како
последица на дејството на сончевите зраци и начините за заштита на кожата од сончевите зраци.
Секоја година во светот, над 12 милиони луѓе заболуваат од некој вид на рак, а 7,6 милиони луѓе умираат како
последица на болеста. Во нашата држава, годишно се откриваат преку 6 илјади нови случаи на заболени од рак.
Овие бројки се навистина застрашувачки и алармантни.

Експертите од Меѓународната унија за рак и Светската здравствена организација нагласуваат дека приближно
40% од карциномите можат потенцијално да се спречат и ризикот од развој на ракот може значително да се
намали со примена на едноставни превентивни мерки и практикување на здрави животни навики.
Ве очекуваме.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави