Недела на борба против рак
[vc_row][vc_column][vc_column_text]На 07 март МЦО во соработка со Црвен крст Охрид се организираше предавање на тема „Фотодерматози-причини, симптоми, стадиуми, превенција и лечење“.
Предавањето го одржа Д-р Перчо Бачев, спец.дерматовенеролог кој пред присутните ги објасни Фотодерматозите-промени на кожата кои настануваат како последица на дејството на сончевите зраци и начините за заштита на кожата од сончевите зраци.

Инаку, во рамки на одбележувањето на Неделата на борба против ракот од 1-8 март, под мотото „Раната детекција спасува живот“, Црвен крст Охрид организираше активности насочени кон подигање на јавната свест кај општата популација за превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”13799,13795,13798,13796″ nav=”dots” fullscreen=”1″][/vc_column][/vc_row]