КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

- This event has passed.
Инфо ден
24.12.2022 @ 18:00 - 20:00

На 24 декември во центарот за култура „Григор Прличев“, во продукција на OhridNews, се случи шестото издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“.
МЦО ја искористи можноста и во склоп на самиот настан организираше инфо ден каде повторно младите охриѓани можеа да се запознаат со центарот, неговата улога, оските на делување и важноста за позицијата на младите во средината каде што живеат, како и како тие можат да се вклучат и да изнајдеме точка на вкрстување.
Младински Центар Охрид е место од нас, за нас и со искористување на неговиот потенцијал влијаеме директно врз личниот раст и развој, како и врз средината каде делуваме.