Мотивирачка трибина карактеристики на претприемач

Младински Центар Охрид во соработка со ООУ “Кочо Рацин”- Охрид продолжи со неделните мотивирачки трибини „И јас сум од Кочо Рацин“.  Говорник на трибината беше Марија Стојаноска успешен претприемач во Охрид.

Трибана ја отвори директорката на ООУ „Кочо Рацин“ Г-ѓа Славица Котеска.

Говорникот на трибина стави акцент на фактот дека упорноста и желбата се најбитни за успешен еден претприемач. Секогаш се учат нови работи, а како пример наведе дека иако има сопствен бизнис се запишала и во вондердно медицинско училиште.  Инаку Марија Стојаноска е сопственик на козметички салон во Охрид, која скоро една деценија поминала во Дубаи.

Целта е да се мотивираат учениците во изборот на својата идна кариера. Трибините се наменети за учениците од VIII и IX одделение.

Мотивирачките трибини ќе бидат под наслов „ И јас сум од Кочо Рацин“, а гости ќе бидат поранешни ученици, денес успешни во својата кариера.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави