Министерството за односи меѓу заедниците распиша Јавен повик за финансиска поддршка за здруженија и фондации.
Приоритетни цели на повикот се:
- еднаквост и недискриминација во сите области на општественото живеење и елиминирање на говорот на омраза и нетолеранција;
- подобрување на социјалната кохезија и градење на инклузивно општество;
- обезбедување и промоција на вредностите на Охридскиот рамковен договор (етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на заедниците);
- градење на мултикултурно општество со цел успешно спроведување на програмите на Европската унија и на Советот на Европа;
- владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност;
- унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците во основното и средното образование согласно закон, и
- информирање на јазиците на припадниците на заедниците во јавната сфера и во медиумското известување.
Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од денот на објавување на Јавниот повик. (објавено на 4 март 2026)
Повеќе информации на следниот линк.





