Category: МЦО ПРАЈТ

Есенски Активности во Младински Центар Охрид

Есенски Активности во Младински Центар Охрид.
Младински Центар Охрид подготвува активности со цел искористување на сончевите есенски денови, теам билдинг и забава.
Hiking – 23.10.2024;
Есенска Креативна Работилница – 24.10.2024;
Есенска Креативна Работилница – 25.10.2024;
Проекција на Хорор Филм – 30.10.2024;
Забава под маски – 31.10.2024.
Ве очекуваме!
Stay Tuned!

Приклучи се на клубовите во Младински Центар Охрид

Ако сте на возраст од 15 до 29 години и сте подготвени да влијаете позитивно во нашата заедница ве покануваме да се придружите на клубовите на Младински Центар Охрид:
 Клуб на волонтери – Донесете позитивни промени во вашата заедница!
 Креативен клуб – Истражете ја уметноста, дизајнот и самоизразувањето!
 Медија клуб – Усовршете раскажување приказни преку социјалните медиуми, поткасти, филмот и фотографијата!
 Зошто да се придружите?
Запознавање неверојатни луѓе и стекнување нови пријатели!🤝
Стекнување нови вештини и практично искуство! 🛠️
Зголемете го вашето CV со кул проекти и работилници! 📝
Забавувајте се и бидете дел од нешто големо! 🎊
⏰ Како да аплицирате:
Кликнете на линкот подолу или посетете нѐ во Центарот!
✨ Ова е вашиот момент да заблескате и да ги инспирирате другите! Заедно да создаваме големи работи!
Tags:

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри.
Извештај – Денови на Младински Центри -преку работа во различни групи дефинирање потреби и програми за млади.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14605″][/vc_column][/vc_row]

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри.
Од Семинарот за вмрежување и унапредување на младинската работа – Денови на Младински Центри, каде учесници беа младински работници од повеќе центри во државата, како и Службеници за млади преку практична работа во групи произлегоја препораки во насока на унапредување како на младинската работа, така и на положбата на младинските центри.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14594,14595,14596,14597″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Национална кампања за унапредување на положбата на Младинските Центри: Предизвици

Во склоп на националната кампања за унапредување на положбата на Младинските Центри ги истакнуваме предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри истакнати на Семинарот за вмрежување и унапредување на младински работници, кој се одржа во Младински Центар Охрид во декември 2023.

Предизвиците со кои се соочуваат Младинските Центри се пресликуваат од една во друга општина и генерално се исти. Главен проблем е незаинтересираноста за вклучување на младите во програмите на центрите. Младите се неактивни во заедницата и нивниот интерес е насочен кон други приоритети, сметајќи дека постоењето на Младинските Центри не е нужно за нивниот личен раст и развој, со што нивниот младински активизам се става во втор план.

Водејќи се според трендовите се потенцира на важноста од онлајн промоција на Младинските центри и услугите кои ги нудат за млади, како најблизок метод за пристап до младите.

Покрај другото, стана збор и за важноста за соодветен и пристапен простор и локација на Младинските центри, што во ЗМУМП не е прецизирано, што остава простор за манипулативност од страна на самите општини.

Неопходно е конкретизирање на одредбите во законот во смисла на унапредување и конкретизирање на поимот на младински центри во состав на чл.22 од ЗМУМП.

Дополнително, двојното финансирање на младинските центри се смета за нужно. Покрај општините, државата треба да ги поддржи младинските центри, бидејќи истата им наложува со законот ЗМУМП да отворат и финансираат младински центри и понатаму целиот процес го остава на општините.

Проекција на документарецот „Охрид, Охрид убав мил“ на отворањето на Недела на Млади

По повод Денот на млади – 12 август, а како дел од настанот Недела на млади, во Младински Центар Охрид, вечерта на 12 август, во понеделник, ќе се прикажува документарниот филм „Охрид, Охрид убав мил“ на македонскиот режисер од Охрид, Илија Пиперкоски.

Во документарниот филм се зборува за настанување на песната Охрид, Охрид, убав мил и низ прекрасен наратив гледачите ќе можат хронолошки да се запознаат со тајфите и трубадурите кои негувале чалгиска музика и животот на охриѓани преставен преку испеаните песни.

Филмот ќе се прикажува во дворот на МЦО, со почеток во 20:40 часот, по самото отварање на настанот Недела на млади.

Недела на млади во Младински Центар Охрид, втора година по ред!

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

 
Недела на млади во Младински Центар Охрид, втора година по ред! 🙌👫🙋‍♀️
 
Meѓународниот ден на младите (IYD), назначен од Обединети Нации се одржува секоја година на 12ти август како ден за подигање на свеста за одредени културни и правни прашања околу младите.
 
  • Темата за Меѓународниот ден на младите 2024 година (12 август) е „Од кликови до напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој“. Оваа тема ја нагласува клучната врска помеѓу дигитализацијата и забрзувањето на напредокот на Целите за одржлив развој (ЦОР), нагласувајќи го клучниот придонес на младите во овој трансформативен процес.

 

По повод овој значаен ден и оваа година МЦО подготви  низа настани на различни локации во Охрид со цел младите да се поврзат, забавуваат, да ја разбудат својата креативност и да научат некоја нова вештина. 😎🥳

Планирани се работилници, забавни игри, проекции, ДЈ сет, музички бенд, изложба, летна школа итн.

Ќе ни биде особена чест доколку ги посетите настаните и присуствувате активно во нив со што ќе дадеме еден посебен акцент на младите во нашиот град.

Погледнете ја целосната програма на нашата фејсбук страна и придружете ни се на возбудливите дневни и вечерни активности од 12ти до 16ти август!

 

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри за Ден на Млади

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри.
Меѓународниот ден на Млади – 12ти Август се става во фокус од страна на многу светски, национални и локални организации, со што на дневен ред се ставаат младинските културни и правни прашања, како и младинските политики.
Младински Центар Охрид, за прв пат, минатата година реализираше низа активности насловени под Недела на Млади, каде најразличните потреби и интереси на младите се ставија во фокус.
Обединетите Нации, секоја година избираат тема за ,Меѓународниот Ден на Млади, која се смета за најактуелна и интересна за младите.
Овогодинешната тема за Меѓународен Ден на Млади е: „Од клик до напредок: Младински дигитални патишта за одржлив развој“.
Акцентот на младите денес, е нашата иднина утре.
Инспирирај! Активирај! Промени!

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”14499″][/vc_column][/vc_row]

Tags:

Национална Кампања за унапредување на положбата на младинските центри – МЦО

Национална Кампања за унапредување на положбата на младинските центри.
Младински Центар Охрид е формиран согласно ЗМУМП, односно од страна на Општина Охрид, додека Чадор Организација која го води Младински Центар Охрид е Коалиција на младински Организации СЕГА.
Работи на повеќе програми се со цел да биде во чекор со предизвиците и потребите на младите на локално ниво: младинско учество, младинско информирање, култура, вработување и претприемништво и неформално образование.
Младински Центар Охрид работи од 9ч до 17ч секој работен ден со тоа што дополнително настапува со флексибилност заради активности кои е покомпатибилно да се реализираат во попладневните и вечерните часови, како и за време на викенд.
МЦО се состои од тим на тројца сертифицирани работници.
Инспирирај! Активирај Промени!
Можно е да е слика од 2 луѓе и текст
Tags: