Author: MC Ohrid

Летна Школа за гитара 2025

🎸 Летна Школа за Гитара во МЦО
📅 11 – 15 август | 11:00ч
📍 Младински Центар Охрид
🎉 Во рамки на Недела на млади 2025
Сонуваш да свириш гитара? Или веќе свириш, ама сакаш да ги надградиш своите вештини? Ова е твојата шанса!
Под менторство на 🎶 Игор Стефановски – дипломиран гитарист и наставник по музичко образование во ООУ „Кочо Рацин“ – те очекува пет дена полни со музика, учење и инспирација.
🎼 Школата е наменета за сите млади – почетници и оние со основно знаење.
👉 Сесиите започнуваат во 11:00ч во просториите на МЦО.
📌 Местата се ограничени!
🗓 Пријави се најдоцна до 08.08.2024 преку формата подолу.
💸 Учество е БЕСПЛАТНО!
🔗 Линк за пријавување:

Летна Ликовна Школа 2025 со Димитрие Ристески

Летна Ликовна Школа со Димитрие Ристески
Во рамки на Недела на млади, те покануваме на петдневна ликовна авантура каде ќе имаш можност да научиш, создаваш и истражуваш уметност! Од 11ти до 15ти август секој ден со почеток од 09:30 до 11:00 часот во просториите на Младински Центар Охрид ќе се оддржуваат работилници во склоп на Летна Ликовна Школа, предводена од наставникот по ликовно образование Димитрие Ристески.

Програма:

  •  Ден 1 – Теорија, ликовен јазик и историја на уметност
  •  Ден 2 – Цртање
  •  Ден 3 и 4 – Сликање
  •  Ден 5 – Моделирање
Ќе работиме на создавање сопствено ликовно дело преку цртање, сликање и моделирање, а ќе навлеземе и во светот на уметноста преку историја и ликовна теорија.
Совршена можност за сите што сакаат летото да го поминат креативно, инспирирано и забавно!
Секој ден – нова техника, ново искуство, ново уметничко дело
Местата се ограничени – пријави се навреме!
Пријавување на следниот линк.

Култура, уметност, поврзување

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Од 8ми до 19ти јули, група од 7 млади од Охрид (15–17 години) предводени од младинскиот работник Јован Цветкоски, како претставници на Коалиција СЕГА и Младински Центар Охрид, беа дел од младинска размена во Бивил, Нормандија, Франција, каде што низ креативни работилници, културна размена и уметнички израз го градеа својот глас и тимски дух. Оваа размена беше воспоставена помеѓу 3 држави: Франција, Германија и Македонија.
 Програмата започна со запознавање и активности за градење тим, при што младите имаа можност да соработуваат со врсници од други земји и да ги споделат своите приказни, идентитет и вредности.
 Под водство на интернационални ментори-артисти, учествуваа во три артистички групи: пеење, современ танц и слем поезија, каде што низ интензивна тридневна подготовка ги развиваа своите уметнички вештини и настапија јавно во градот Шербур, како дел од завршниот мултимедијален перформанс.
 Како дел од нивното културно патување, групата го посети и Париз, каде што уживаа во откривање на највпечатливите знаменитости на градот на светлината – од Ајфеловата кула до Лувр итн.
Ова патување беше многу повеќе од размена – беше трансформативно искуство кое ги зајакна нивната самодоверба, креативност и желба за нови хоризонти.
#YouthExchange #OFAJ

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15404,15405,15406,15407,15408,15409,15410,15411,15412,15413″][/vc_column][/vc_row]

СУП & Кајак – Обука за млади

Доколку си млад, љубопитен и подготвен за авантура на езеро – оваа обука е токму за тебе!
Придружи ни се на едукативна и забавна обука каде што ќе научиш:

  • Како безбедно да управуваш со СУП даска и кајак

  • Основи на безбедност при активности на вода

  • Како да ја заштитиш животната средина и убавината на Охридското Езеро

Локација: Плажа Канео, Охрид

Датум и време: 26 јуни 2025 (четврток)
10:00 – 12:00 часот

За кого е наменето:

Млади лица од 13 години и нагоре
(бројот на учесници е ограничен – пријави се навреме!)

Обуката е бесплатна!

Пријави се тука: Формулар за пријава

 Контакт за информации: 078 341 630


👥 Организатори:

SUP Club Ohrid и Младински Центар Охрид

БЛЕНДЕР ОВА ЛЕТО ВО ОХРИД!

Драги пријатели, со огромна радост ве покануваме повторно да бидете дел од БЛЕНДЕР фестивалот!
Оваа година започнуваме на 27.06.2025 во 11:00 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.
 За најмладите подготвивме театарска претстава „Љупка и Љубица“ во изведба на Театар за Тебе, по што ќе следи тематска работилница по сценографија инспирирана од претставата.
Време е за креативност, забава и дружење – токму во духот на БЛЕНДЕР!
За пријавување на работилницата, пишете ни во порака на нашите социјални медиуми или на Блендер – фестивал за децентрализирана култура
Воедно резервирајте си место и за уживање во претставата.
Наменето за возрасна група: 7-14 години

Оглас за вработување во Младински центар Охрид

Коалиција на младински организации СЕГА објавува оглас за вработување на ентузијастичен и мотивиран Работник со млади.
Ако сте подготвени да го поттикнувате активизмот на младите, ова е вашата шанса да се придружите на нашиот динамичен тим.
 Доколку сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим и да го поддржите активизмот и ангажманот на младите, испратете го вашето CV и мотивациско писмо на емаил: [email protected] најдоцна до 20 јуни 2025 година.
 ** Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.
Ви благодариме на интересот!

Отворен повик за Креативна летна школа 2025

Пријави се на нашата Креативна Летна Школа за деца од 8 до 14 години! 

Дизајнирана за деца на возраст од 8 до 14 години, оваа школа е место каде што малите креативци ги откриваат своите таленти, учат нови техники и ја развиваат својата фантазија преку игра, креација и соработка.
Започнуваме на 25 јуни (среда), со почеток од 11 часот, во просториите на Младински Центар Охрид.

👉 Што ќе научиме?
-Ќе учиме како да комбинираме бои, форми и материјали за да создадеме магични композиции.
– Ќе експериментираме со различни текстури, рециклирани предмети и иновативни техники.
– Ќе работиме во тим, ќе спојуваме идеи и ќе раскажуваме уметнички приказни.
– Ќе креираме разгледници, рамки, мали уметнички инсталации и уникатни дела со личен печат.
– На крај – изложба со сите креативни дела!

Летото е платно, а ние ќе го исполниме со боја, креативност и радост! Дојди, создавај и остави свој уметнички отпечаток!

Пријави се на следниот линк и осигурај место за највеселата и најшарената креативна летна авантура!

📍Младински Центар Охрид
Прва работилница 25 јуни 2025, со почеток од 11 часот.

⚠️ Учеството е бесплатно. ⚠️

ЕКО БАЗАР ВО ОХРИД

[vc_row][vc_column][vc_column_text]

Вчера, на 9-ти јуни, во дворот на охридската гимназија Св. Климент Охридски, се одржа последното издание на Еко базарот за овој период – настан исполнет со одржливост, младинска енергија и човечност.
Од облека од втора рака и книги, до рачни изработки и уникатни предмети – повторно успеавме да создадеме простор каде што старите нешта добиваат нов живот.
Базарот имаше хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе бидат донирани за настраданите во трагичниот настан во Кочани.
Благодарност до сите изложувачи, ученици, професори, посетители и пријатели што беа дел од овој ден. Заедно градиме посвесна, позелена и посочувствителна заедница.
♻️ Оваа активност е дел од проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, финансиран од Европската унија и имплементиран од People in Need (PIN), АРНО, ЛЕАД и Ековита.

[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15360,15361,15362,15363,15364,15365,15366,15367,15368,15369,15370,15371,15372,15373,15374,15375,15376″][/vc_column][/vc_row]

Саем за волонтерски можности 2025

[vc_row][vc_column][vc_column_text]Во саботата, 12 организации од Охрид и Струга имаа свој штанд на Саемот за волонтерски можности – Охрид 2025, каде ги претставија своите програми и иницијативи за летен волонтерски ангажман.

🔹 Посетителите имаа можност да се информираат за активностите на организациите и да дознаат како можат да волонтираат ова лето.

🙏 Благодарност до сите учесници и посетители – вашиот интерес и присуство придонесоа кон успешно реализиран настан.[/vc_column_text][us_image_slider ids=”15322,15323,15324,15325,15326,15327,15328,15329,15330,15331,15332,15333″][/vc_column][/vc_row]

САЕМ ЗА ВОЛОНТЕРСКИ МОЖНОСТИ – ОХРИД 2025

[vc_row][vc_column][vc_column_text]🌱 Запознај ги организациите што ја движат заедницата!

Оваа сабота, на Саемот за волонтерски можности – Охрид 2025, ќе имаш можност да се сретнеш со волонтерски организации од Охрид и Струга кои стојат зад некои од најзначајните културни, спортски, добротворни и еколошки иницијативи!

📍 Паркот пред НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид
📅 17 мај (сабота)
🕛 од 12:00 до 15:00 часот

🎭 Фестивали
🏃 Маратони и спортски настани
🎨 Културни манифестации
💚 Добротворни и еко-иницијативи

🎯 Дознај какви активности развиваат и како можеш да станеш дел од нив како волонтер!
📝 Пријави се директно на лице место, разговарај со организациите и пронајди што најмногу те инспирира.

📢 Биди дел од заедницата што менува![/vc_column_text][us_image_slider ids=”15304,15305,15306,15307,15308,15309,15310,15311,15312,15313,15314,15315,15316″][/vc_column][/vc_row]