КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

- This event has passed.
Отворање на Првиот Младински Центар во Охрид
12.10.2022 @ 08:00 - 17:00

На ден 12.10.2022г отворен Првиот Младински Центар во Охрид.
Центар кој ќе биде точка на врзување на многу млади со различни, слични, а и исти интереси.
Ќе ги интегрира нивните потреби и од нив ќе направи индивидуи спремни да направат промена.
Овој центар ќе нуди широк спектар на активности, како што се: едукација преку разни работилници, обуки, тренинзи, конференции, односно ќе биде главен сојузник на невладиниот сектор, натпревари преку разни игри и едукативни содржини, како и настани од забавен карактер.
Благодарност до секој еден кој зема удел и даде поддршка од самиот старт, и особена благодарност до Општина Охрид и Коалиција на младински организации СЕГА.
Коалиција на младински организации СЕГА е избрана младинска чадор организација да го раководи Младинскиот Центар Охрид со поддршка на Општина Охрид.