Објавен Јавен повик за учество на претставници на граѓански организации во Комитетот за следење на Инструментот за реформи и раст

Со цел да се обезбеди транспарентно и инклузивно учество на граѓанското општество во следењето на Реформската агенда 2024-2027 и на активностите поддржани преку Инструментот за реформи и раст, Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество објавува јавен повик за учество на 16 претставници во Комитетот за следење на Инструментот за реформи и раст, во следните области:

  • Управување со јавни финансии (2 претставници)
  • Реформа на јавната администрација (2 претставници)
  • Енергетска транзиција (2 претставници)
  • Дигитализација (2 претставници)
  • Човечки капитал (2 претставници)
  • Развој на приватниот сектор/развој на бизнисот (3 претставници)
  • Основи и владеење на правото (3 претставници)

Рокот за поднесување на пријавите со потребната документација е до 15.09.2026 година.

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: