Фондацијата Метаморфозис, во рамките на проектот SMS Facility – Поддршка за малите медиуми од Западен Балкан (ко-финансиран од ЕУ), објавува повик за мали грантови за продукција на медиумска содржина за апликанти од Северна Македонија.
За кого е наменет повикот? За мали и локални медиумски организации кои сакаат да го подобрат квалитетот, професионализмот и влијанието на својата содржина, со фокус на релевантност за локалните заедници и новинарски интегритет.
Времетраење на проектите: до 12 месеци од потпишување на договорот.
Како да аплицирате? Преку пополнување на формуларот за проектен предлог и буџет (достапни на веб-страницата на Метаморфозис). Целокупната документација со детални упатства е исто така достапна на платформата Journalift.
Краен рок: 25 јуни 2026 година (до 23:59)
Повеќе информации на следниот линк.




