|
Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување ве поканува на Националниот натпревар за научна комуникација, кој ќе се одржи на 6 мај 2026 година, со почеток во 11 часот, во Public Room – Скопје. Настанот се организира во рамки на проектот STREAM-IT и претставува финална фаза од менторската програма посветена на развој на вештини за научна комуникација кај студенти и млади истражувачи. Победникот на натпреварот ќе учествува на меѓународниот натпревар во Будимпешта, каде ќе се натпреварува со учесници од други европски земји. Бројот на места е ограничен! Повеќе информации на следниот линк. |




