Консултации за Повик за предлози во рамките на тематската програма „Човекови права и демократија“ 2025-2026

Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија ве поканува на консултација за да ги разгледаме приоритетите и другите специфики за Повикот за предлози што ќе биде објавен во рамките на тематската програма „Човекови права и демократија“, 2025-2026 година. Консултациите ќе се одржат онлајн, на 04.05.2026 година (понеделник) од 11:30 до 13:00 часот.

Консултацијата ќе ја отвори г-дин Штефен Худолин, раководител на одделот за соработка во Делегацијата на ЕУ во Македонија.

Доколку сте заинтересирани да се придружите на консултациите, ве молиме регистрирајте се на rcgo.mk, за да можеме да ви го испратиме линкот до настанот.

Овие онлајн консултации се организирани со помош на проектот „Поддршка од ЕУ за Центарот за ресурси на граѓанското општество – фаза II“, финансиран од Европската Унија. Основните активности на Центарот за ресурси на граѓанското општество се да се поддржи поволна средина за граѓанското општество во земјата и да се зголеми капацитетот и отпорноста на организациите на граѓанското општество за да бидат компетентни, ефикасни, одговорни и независни актери во општеството.

 

Повеќе информации и регистрирање на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: