ЈАВЕН ПОВИК за избор на здруженија и доделување на средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ за 2026

Институција која огласува: Министерство за здравство

Договорите склучени помеѓу Министерство за здравство и избраните здруженија се склучуваат на определено време, заклучно со истекот на фискалната 2026 година.

За учество во постапката на Јавен повик за избор на здруженија и доделување на средства на здруженија коишто ќе спроведуваат активности утврдени во Програмата за заштита на населението од ХИВ-инфекција во Република Северна Македонија за 2026 година, заинтересираните здруженија мора да ги исполнуваат следните услови за утврдување на нивната способност и да достават доказ за истите и тоа:

  • Здружението да е регистрирано согласно Законот за здруженија и фондации;
  • Здружението да има активно работење насочено на клучните засегнати популации засегнати од ХИВ (лица кои инјектираат дрога, сексуални работници/-чки, мажи што имаат секс со мажи или лица што живеат со ХИВ) во последните три години;
  • Здружението да има соодветна експертиза и искуство – реализирани најмалку три проекта, односно еден повеќегодишен проект, во вкупно траење не помало од три години за давање стационарни и/или теренски услуги за превенција и поддршка во врска со ХИВ помеѓу клучни популации, самостојно или во партнерство;
  • Да располага со соодветни кадровски ресурси за спроведување на активностите;
  • Министерството за здравство го задржува правото да ја отфрли понудата на здружение  кое покажало значителни или постојани недостатоци во исполнувањето на клучните обврски во претходни договори по Јавен повик склучени со Министерство за здравство, што резултирало со еднострано раскинување на договорот.

Пријавување до: 09.04.2026

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: