Граѓанскиот ресурсен центар ве поканува на информативен настан посветен на користење на вештачката интелигенција (AI) во работата на граѓанските организации. Настанот ќе се одржи онлајн на 16 април 2026 година од 14:00 часот.
Настанот покрива теми:
- Како да користите ChatGPT и Claude за развивање проектни идеи, креирање содржина и планирање активности
- Како да користите Perplexity (Sonar) за истражување фондови, политики и трендови
- Како да работите со NotebookLM за анализа на документи, стратегии и извештаи
- Како да креирате кампањи и визуелни содржини со Gemini и Canva AI
- Како да интегрирате AI во вашите проекти, услуги и дигитални социјални иновации
Пријавете се на следниов линк.





