Како дел од активностите за соработка со Северна Македонија, Амбасадата на Франција во Скопје развива партнерства со граѓанското општество и обезбедува финансиска поддршка на локални здруженија (НВО).
Подобни за аплицирање се само здруженијата регулирани со локалното право и регистрирани повеќе од две години. Се доделуваат средства за проект кој трае најмногу 12 месеци врз основа на конкретни проекти, по разгледување од комисија за избор.
Доставените проекти треба да се однесуваат на една од следните две категории:
а. Пристап до здрава животна средина (на пример, квалитетот на воздухот и водата)
б. Пристап до правда
Рок за аплицирање 15 јули 2026 година.
Повеќе информации на следниот линк.



