Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) бара млади учесници за младински кампови за обука во рамките на проектот RISE Balkans, финансиран од програмата CERV на Европската Унија.
Кој може да аплицира? Млади на возраст 18–26 години со интерес за граѓанско ангажирање и општествени промени. Не е потребно претходно искуство. Се охрабруваат пријави од млади од рурални средини, недоволно застапени групи и лица со ограничен пристап до вакви можности.
Што е кампот? Интензивна програма за граѓанско образование во Скопје (октомври–ноември 2026) со интерактивни сесии во живо – симулации на креирање политики, застапување, дизајн на граѓански иницијативи и вмрежување со млади лидери.
Учеството е бесплатно. Учесниците добиваат сертификат и практично искуство.
Како да аплицирате? Преку онлајн формулар со основни информации и мотивациско писмо (макс. 300 зборови).
Краен рок: 20 јуни 2026 година
Повеќе информации на следниот линк.





