Инфо за МладиИНФОРМИРАЈ СЕ
183

Обуки и грантови за циркуларна економија

People in Need (“Луѓе во потреба“ – ПИН) објавува повик за учество во обуки и грантова поддршка за грасрут граѓански организации (ГО) и групи кои работат во областа на циркуларната економија и намалување на отпадот. Повикот е во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркулчарна економија во Северна Македонија“ финансиран од Европската Унија.

Со овој повик, 12 мали и грасрут организации и групи кои работат во областа на циркуларната економија ќе имаат можност да ги развијат своите капацитети преку прилагодени обуки.

Со обуките ќе бидат опфатени најмалку следните теми:

1. Вовед во циркуларна економија, зелена агенда, рамка на политики;
2. Принципи на кружен дизајн и бизнис модели;
3. Управување со отпад и рециклирање;
4. Застапување и партиципативен дијалог за политики;
5. Организациска визија и стратегија;
6. Прибирање средства (развој на предлог проект, буџетирање, зелено финансирање, претставување на идејата);
7. Видливост на акции финансирани од ЕУ;
8. Управување со проекти, вклучително финансиски и оперативни аспекти.

Обуките ќе бидат спроведени преку онлајн сесии, во период од два (2) месеци, по една обука неделно.

По обуките, 8 од 12 организации ќе имаат можност да добијат грант до 3000 евра за финансиска поддршка на своите локални акции за намалување на отпадот, реупотреба, рециклирање, надградба.

За да се пријавите на овој повик, прочитајте го внимателно целиот опис на повикот за подобноста и начинот на аплицирање, пополнете ја пријавата (прилог 1) и поднесете ја заедно со сите пропратни документи на [email protected] најдоцна до 16 март 2025, 23:59.

Повеќе инфо на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави