КАЛЕНДАР НА НАСТАНИ

Отворање на Првиот Младински Центар во Охрид

На ден 12.10.2022г отворен Првиот Младински Центар во Охрид. Центар кој ќе биде точка на врзување на многу млади со различни, слични, а и исти интереси. Ќе ги интегрира нивните потреби и од нив ќе направи индивидуи спремни да направат промена. Овој центар ќе нуди широк спектар на активности, како што се: едукација преку разни...

Промовирање на МЦО во Општинсккото Средно Училиште “Св.Наум Охридски” -ОЕМУЦ

Промоција на МЦО и преку остварени средби и состаноци, запознавање на младите одблиску со улогата, идејата и визијата на центар од вакви размери. Посетување на средните училишта во Општина Охрид и се со цел зголемена информираност кај младите и допирање до секој еден млад човек. Ги запознавме младите средношколците одблиску со точките на делување и...

Донација на книги со странска литература од Американ Корнер

 Тимот на МЦО оствари средба со претставници на Американ Корнер Струга во која се зборуваше за заедничко делување, взаемна поддршка и идна соработка. Американ Корнер ја дадоја својата поддршка преку своја донација со книги - странска литература кои сметаат дека ќе бидат интересни за младата популација во Охрид. Се зборуваше за актуелни проекти и случувања,...

Промоција на МЦО во СОСУ”Св.Кирил и Методиј”

Дел од тимот на МЦО, младинските работници Иво Ристески и Ангела Митеска во рамките на промотивната кампања за Центарот, на 28 ноември ги презентираа предностите и начинот на функционирање на МЦО пред учениците во економското училиште СОСУ "Св.Кирил и Методиј"-Охрид. Учениците имаа можност да слушнат што значи Младински Центар Охрид, кога е отворен и која...

Формиран Волонтерскиот Клуб на МЦО

По повод Меѓународниот ден на волонтерите – 5 Декември се формираше Волонтерскиот Клуб на Младински Центар Охрид. Волонтерството е едно од основните активности кои младите треба да ги преземаат за личен раст и развој. Ова е одлична можност за развивање на духот на волонтирањето, размената на идеи и пренесување позитивна енергија, но и шанса со...

Меѓународниот ден за борба против корупција

По повод 9 декември – Меѓународниот ден за борба против корупција во Младински Центар Охрид се одржа едукативна работилница на тема ,,Млади против корупција”.   Учесниците дискутира за тоа колку младите се запознаени со поимот корупција, видовите и типовите на корупција, како може да се препознае и најважно како може да се спречи истата.  ...

Локална дискусија за потребите и предизвиците на студентите

Во Факултетот за туризам и угостителство (Иновациски Хаб) дел од тимот на МЦО, Раководителот Јован Цветкоски и младинскиот работник Иво Ристески организираа локална дискусија на тема „Потребите и предизвиците на студентите“.   На настанот се дискутираше за тоа колку студентите се запознаени со Законот за високо образование, кои се нивните предизвици, кои потреби произлегуваат од...

Инфо ден

На 24 декември во центарот за култура „Григор Прличев“, во продукција на OhridNews, се случи шестото издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“.   МЦО ја искористи можноста и во склоп на самиот настан организираше инфо ден каде повторно младите охриѓани можеа да се запознаат со центарот, неговата улога, оските на делување и важноста за позицијата...

Инфо ден

На ден 08 декември 2022 година, во чест на Св.Климент Охридски, патрон на градот Охрид се одржа пригодна свеченост на охридскиот плоштад. Тимот на МЦО, прво оддаде почит пред споменикот на Св. Климент Охридски, а потоа заедно со дел од волонтерите организираше активност - Инфо Ден , преку кој се промовираше работата на Младинскиот Центар, активностите,...