Општина Штип, во партнерство со УНДП, објавува јавен повик за поднесување предлог-проекти во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 3 (ReLOaD3) која е финансирана од Европската Унија.
Се повикуваат сите граѓански организации да аплицираат со свои проектни идеи и да придонесат кон развојот на локалната заедница.
Приоритетни области за проекти се:
- Социјална инклузија и поддршка на ранливи групи
- Животна средина и одржлив развој
- Младински развој, образование и активизам
- Уметност, туризам, култура и заштита на културно наследство
- Учество на граѓаните во креирање на локални политики
Јавниот повик ќе трае од 06.02.2026 (од 9:00 часот) до 06.03.2026 (до 15:00 часот)
За повеќе информации, посетете го следниов линк.


