Јавен конкурс за извршни директори на МЦМС

Извршните директори на МЦМС го сочинуваат Одборот на директори кој е орган на секојдневно управување  со работниот процес на МЦМС. Овој конкурс е отворен за избор на 2 извршни директори. МЦМС цели едната позиција да се пополни од редот на внатрешни кандидати (вработените), а другата од надворешни кандидати.

 Кандидатите треба да имаат:

  • Познавање на мисијата на МЦМС и концептите на граѓанско општество;
  • Способност за водство ориентација, управување и мотивирање на другите;
  • Знаења за генерален менаџмент – основни раководни концепти, организациски развој, стратешко планирање, оценување, финансиско планирање и раководење, раководење со човечки ресурси;
  • Способност за комуникација и презентација;
  • Висок интегритет, одговорност и отчетност;
  • Почит за другите,  вклучителност и партиципативност, поддршка на мултикултурноста.

Конкурсот е отворен до 20 јули 2026 година.
Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: