Општинско Угостителско Туристичко Училиште – „Ванчо Питошески“
Улица: „Кеј Македонија“ бр. 101 Охрид
Телефон: 046/264-421
Факс: 046/260-341
Телефон (ученички дом): 046/264-416
Развојниот пат на Општинскиот Електромашински Училиштен Центар „Св. Наум Охридски“ од Охрид започнува во учебната 1966/1967 година како резултат на стопанската ориентација на општина Охрид. Наставата во почетокот се изведувала во 4 паралелки од металска струка со 140 ученици и наставен кадар од 4 професори и 3 хонорарни инжинери.
Центарот беше формиран со цел да подготвува кадри од металската насока за потребите на металската индустрија во градот како што беа фабриката „Братство“, фабриката за автомобилски делови и алати „Херој Тоза Драговиќ“ и фабриката „Езерка“.
Развојот на науката, техниката и технологијата придонесува до брзо развивање на електроиндустријата во општина Охрид, така што во учебната 1973/74 година металскиот училиштен центар беше верифициран и за образование на кадри од електротехничката струка од што произлегува и променат на името на центарот во Електромашински со образовни профили од двете струки од трет и четврти степен. Во периодот од 1985 до 1988 година центарот се проширува и се здобива со нов училиштен простор и нова опрема со што дополнително се подобруваат условите за изведување на воспитно образовната дејност.
Живко Чинго 1, Ohrid 6000
www.emucohrid.edu.mk
РЦСОО „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ” – ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕР!
21 век е време на брзи и големи промени во секој домен на животот, па така и образованието не е исклучок.
Училиштето е секогаш подготвено за промени.
Понекогаш промените ги доживувавме како закана, иако тие можат да отворат нови можности за нас, а најмногу за нашите ученици.
Покрај економските, политичките и социјалните промени, промени настануваат и во нашиот образовен систем.
Училиштето ги практикува тие промените во следните три главни сегменти:
Затоа главна цел и задача е образование на кадри од областа на угостителството и туризмот за потребите на стопанството во потесна и поширока регионална смисла, во согласност со современите текови во образованието и пазарната економија и реформите во средното стручно образование.
Општинско Угостителско Туристичко Училиште – „Ванчо Питошески“
Улица: „Кеј Македонија“ бр. 101 Охрид
Телефон: 046/264-421
Факс: 046/260-341
Телефон (ученички дом): 046/264-416

Понекогаш времето не е мерило за развојот на науката и мислата во одредена област. Во последните 150 години, развојот на науката има продуцирано повеќе знаење отколку во претходни 1500 години. Стимулирањето на развојот на науката го води напред развојот на човештвото и го подигнува квалитетот на животот. Научните области се надополнуваат во знаењата една со друга. Се повеќе се посветува внимание на интердисциплинарни области, како и на граничните подрачја помеѓу различните научни области. Придонесот кој се дава денес во една научна област, утре може да биде клучен импулс за примена и развој на друга. Науката се развива и се дели на нови научни области и полиња, а новите сознанија се продуцираат со голема динамика.
Факултетот за туризам и угостителство од блиску ги следи промените во областа на туризмот и услужните дејности од 1970 година. Тој е една од најстарите високообразовни инстутиции од областа на туризмот на Балканот. Континуирано воведува промени во студиските програми, но и во начинот на работење. На почетокот почнува скромно, со мал број на наставен кадар, без сопствени простории, но со голем ентузијазам и желба за креирање на квалитетна високообразовна институција. Со посветено работење, факултетот станува препознатлив кај заинтересираните студенти кои сакаат да студираат студиски програми од областа на туризмот, но и на другите студиски програми застапени на факултетот.
Училиштето се наоѓа во Охрид на ул. „Мите Богоески“ бр. 2.
Работно време: од понеделник до петок помеѓу 7:00 и 19:00 часот.
Тел: +389 46 262 724.
email адреса: [email protected]
Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“— државен универзитет, кој се наоѓа во Охрид, Македонија.
УИНТ е основан од Собранието на Република Македонија со Акт за основање на Универзитетот за информатички технологии во 2008 година. Во 2010 година, студентите од УИНТ го создадоа првиот суперкомпјутер во Република Македонија .
Меѓународниот карактер на универзитетот се забележува со фактот што УИНТ има мултикултурна популација на студенти од повеќе од 40 земји низ светот, вклучувајќи ги и домашните студенти. Повеќе од 450 домашни и странски студенти студираат на УИНТ. УИНТ има добиено акредитација за 15 додипломски и постдипломски програми и секоја од нив се спроведува на англиски јазик. Согласно академското рангирање на универзитетите во светот за 2013/2014 година, УИНТ е рангиран помеѓу првите 4 од 20 универзитети во Република Македонија.
УИНТ содржи пет факултети:
УИНТ има воспоставено меѓународна соработка и билатерални меморандуми за соработка со повеќе светски универзитети:
Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 1000 Скопје, Република Северна Македонија
+389(0)2 3200 870
ОСУ„Св.Климент Охридски“ – Охрид е општинско средно училиште во кое се изведува настава согласно наставните планови и програми за гимназиско образование и е единствена гимназија од четирите средни училишта на подрачјето на Општина Охрид.
Aдреса:
ул. Димитар Влахов бр. 71 – Охрид
Tелефони:
Гимназија 046 262 217
тел. / факс 046 262 922
E-mail: [email protected]