Целта на постоењето на Младинскиот Центар Охрид е да се обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:
- неформално образование: обучување и подучување на млади;
- информирање за различни можности;
- менторство и советување;
- информално – искуствено учење кое се случува во слободно време низ учество во забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.
Мисија МЦО постои за да се обезбеди соодветен и безбеден простор каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку:
- Неформално образование: обучување и подучување на млади.
- Информално искуствено учење преку забавни и волонтерски активности организирани за и од млади.
- Информирање, менторство и советување.
Принципи за работа во Младински Центар Охрид
- МЦО и услугите кои ги нуди ќе бидат достапни за сите млади луѓе без исклучок.
- МЦО гарантира еднаквост во пристапот на услугите на сите млади без оглед на полот, потеклото, националната и верската припадност и социјалната категорија.
- МЦО и услугите кои ги нуди ќе бидат лесно достапни за сите, а принципот на работа меѓу вработените и младите ќе се одвива во пријателска атмосфера. Работното време ќе се прилагоди на потребите на младите.
- Секој корисник ќе биде услужен со акцент на индивидуален пристап на бараната информација.
- Со секоја дадена услуга ќе се почитува приватноста на корисникот (приватност на личните податоци).
- Услугите на МЦО ќе се даваат на професионален начин од страна на обучени младински работници.
- Понудените информации ќе бидат комплетни, редовно ажурирани, практични и прилагодени за младите.
- МЦО со услугите кои ги нуди ќе се стреми да опфати што поголем број на млади со користење на креативен и иновативен избор на стратегии, методи и алатки.
- Младите луѓе ќе ја имаат можноста да учествуваат на различни активности, преку различни методи на младинската работа, на локално, регионално, национално и меѓународно нивно.
- МЦО ќе соработува и вмрежи со останатите младински организации и структури од регионот, со институции и тела кои работат со млади.