Механизмот на ЕУ за граѓанска отпорност (EU CRM) – Фаза II: Поддршка на граѓанското општество и граѓанските иницијативи е проект финансиран од Европската унија, кој обезбедува директна поддршка на мали граѓански организации и граѓански иницијативи низ целата држава. Проектот им помага на граѓанските организации да создадат значајна промена во своите заедници, особено на оние што работат надвор од поголемите градови и им служат на луѓето кои честопати се оставени на маргините. EU CRM планира да објави повик за доставување предлози, „Граѓанско дејствување и отпорност на заедниците“ во средината на декември 2026 година.За таа цел, EU CRM започна серија консултации со граѓанските организации за заеднички да се утврдат приоритетите на овој повик.
Првата консултативна средба за утврдување на приоритетите на повикот е планирана за 24 ноември 2026 година (11:00–13:00 часот) во Граѓанскиот ресурсен центар (бул. Климент Охридски бр 21, Скопје). Пријавете се на [email protected] најдоцна еден ден пред средбата.
Повеќе информации на следниот линк.




