Ден на граѓанските организации 2026 – Фестивал на Цивика мобилитас

Цивика мобилитас ве поканува да го посетите и да земете учество на овогодинешниот фестивал „Ден на граѓанските организации“ што ќе се одржи на 3 октомври во Градскиот парк во Скопје, кај фонтана „Лотос“ и споменикот на Гоце Делчев.

Цивика мобилитас фестивалот е настан каде заедницата и бројните граѓански организации ќе имаат можност и оваа година да се претстават пред граѓаните со цел информирање и остварување на интерактивни средби за работата и резултатите што ги остваруваат во проектите и програмите.

Покрај ова, очекувајте од граѓанските организации да се претстават со голем број активности, како на пример квизови, интерактивни работилници, игри за млади, изложби, дебати, презентации и сл. проследени со музичка програма.

Годинава, во исто време и место со Фестивалот на Цивика мобилитас, ќе се одвива уште еден настан организиран од Слоу Фуд Водно (Slow Food Vodno), каде ќе може да ги поддржите локалните производители преку дегустација и купување на вкусна, здрава и одржлива храна.

Доколку сакате вашата граѓанска организација да биде активен учесник на овој фестивал, пријавете се на оваа форма најдоцна до 27 септември 2026 г.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: