ЈАВЕН ПОВИК за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на животната средина

Инфо за Младински Организации
12 views

Фондацијата за развој на локалната заедница – Штип, АГОРА – Центар за промоција на граѓански вредности – Скопје и Асоцијација Конект – Скопје објавуваат повик за финансиска поддршка на граѓански организации за спроведување локални иницијативи кои ќе придонесат кон зголемено учество на граѓаните во процесите на креирање и донесување политики во областа на животната средина. Поддршката ќе биде доделена на проекти кои придонесуваат кон целите на проектот „ЕкоДијалог кон ЕУ“, односно кон зајакнување на улогата на граѓанското општество во застапувањето за јавни политики, унапредување на дијалогот меѓу граѓанските организации, бизнис секторот и институциите; како и кон поголемо вклучување на граѓан(к)ите во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Особено се охрабруваат иницијативи кои адресираат прашања поврзани со заштита на животната средина, циркуларна економија, управување со отпад, текстилен отпад, јавни политики за животна средина и активно граѓанско учество со вклучување на маргинализирани групи (жени, Роми, лица со попреченост).

Во рамките на повикот ќе бидат поддржани најмалку три локални иницијативи, со вкупен фонд за грантови од 30.000 евра.

Вредноста на поединечниот грант може да изнесува минимум 6.000 евра, максимум 10.000 евра. Од апликантите не се бара финансиско кофинансирање. Поддржаните проекти треба да се реализираат во период од 6 до 9 месеци.

Крајниот рок за поднесување на апликациите е: 31 август 2026 година, до 16:00 часот.

 

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: