Граѓанскиот ресурсен центар објави повик за граѓански организации за учество во програма за менторска поддршка насочена кон зајакнување на организациските капацитети и унапредување на внатрешните процеси на организациите.
Преку оваа програма, пријавените организации ќе добијат директна поддршка од ментори во една или повеќе од следните области:
- Добро управување, транспарентност и отчетност на граѓанската организација
- Стратешко и годишно планирање
- Проектен менаџмент
- Административно работење на граѓанската организација
- Финансиски менаџмент
- Erasmus +
- Граѓанско учество и застапување
- Волонтерство
- Видливост, комуникации и односи со медиуми на граѓанската организација
- Дигитална трансформација на граѓанската организација
- Диверзификација на извори на финансирање на граѓанските организации
- Анализа на организациски капацитети
Повеќе информации на следниот линк.



