Повик за учество на работилница за стратешко планирање за граѓански организации

Инфо за Младински Организации
10 views

Граѓанскиот ресурсен центар ги поканува граѓанските организации да учествуваат на дводневна, практична и интерактивна работилница за стратешко планирање, која ќе се одржи на 5 и 6 мај 2026 година во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар во Скопје.

На оваа работилница, учесниците ќе имаат можност да го унапредат своето знаење за клучните елементи на процесот на стратешко планирање, да работат на анализа на внатрешната состојба на организацијата и надворешното опкружување, како и да се запознаат со практични алатки што можат веднаш да ги применат во својата работа.

Преку практични вежби, дискусии и размена на искуства, учесниците ќе работат на: анализа на внатрешни капацитети и надворешно опкружување; формулирање визија, мисија и стратешки цели; утврдување организациски приоритети; подготовка и користење формати за изработка на стратешки план; поврзување на стратешките приоритети со развој на проектни идеи и подготовка на проекти.

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: