Јавен повик за финансиска поддршка на здруженија и фондации

Министерството за односи меѓу заедниците распиша Јавен повик за финансиска поддршка за здруженија и фондации.

Приоритетни цели на повикот се:

  • еднаквост и недискриминација во сите области на општественото живеење и елиминирање на говорот на омраза и нетолеранција;
  • подобрување на социјалната кохезија и градење на инклузивно општество;
  • обезбедување и промоција на вредностите на Охридскиот рамковен договор (етничкиот, културниот и јазичниот идентитет на заедниците);
  • градење на мултикултурно општество со цел успешно спроведување на програмите на Европската унија и на Советот на Европа;
  • владеење на правото, независност на правосудството, доследна и неселективна борба против криминалот и корупцијата со широка и обврзувачка транспарентност;
  • унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците во основното и средното образование согласно закон, и
  • информирање на јазиците на припадниците на заедниците во јавната сфера и во медиумското известување.

Рокот за поднесување на пријавите е 30 дена од денот на објавување на Јавниот повик. (објавено на 4 март 2026)

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: