Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година

Инфо за Младински Организации
11 views

Во име на Мрежата на граѓански организации на Партнерството за отворена власт сакам да споделам со вас можност за да се пријавите на Јавниот повик за учество во процесот на ко-креирање на НАП за ПОВ 2026-2028 Јавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Национален акциски план за Партнерство за отворена власт 2026-2028 година – Најави – Односи со јавност – Министерство за јавна администрација – Република Северна Македонија

Би сакала да споделам позитивно искуство од процесот на ко-креирање кој има реално влијание врз јавните политики и реформи. Имено, учеството во ко-креацијата не е симболично, туку предлозите од граѓанските организации и институциите стануваат дел од националните политики. На пример, (1) Во претходните акциски планови се воведоа обврски за проактивна транспарентност на институциите, што придонесе за зголемување на објавување на податоци и информации од јавен интерес. (2) Преку OGP процесот се поттикна зголемување на обемот на отворени податоци (open data) и развој на национални политики и стандарди на темата. (3) Дел од обврските доведоа до подобрување на пристапот до информации од јавен карактер и дигитализација на услугите. Многу важно, дел од OGP е воспоставувањето на Отворен Трезор преку кој се следате буџетските трошења. Од тековниот план огромен успех е воспоставувањето на Регистар на вистински сопственици, како и напортите за дигитализирање на финансиското известување на политичките партии.

Процесот на ко-креација овозможува еднакво партнерство меѓу владата и граѓанскиот сектор. Имено, OGP е еден од ретките процеси каде граѓанскиот сектор и институциите се ко-креатори на предлози со кои се унапредува развивање или имплементација на политиките. Кај нас постои мулти-стејкхолдер форум (Форум на засегнатите страни = Советот на ПОВ) каде владата и граѓанските организации рамноправно учествуваат. Овој модел создаде континуиран дијалог и доверба меѓу институциите и граѓанското општество. Исто така, овозможува вклучување на експертизата од граѓански организации во реформските процеси. Со една реченица, процесот не е класична консултација, туку заедничко креирање на решенија.

Северна Македонија има долгогодишно искуство во OGP, што го прави процесот стабилен и предвидлив.  Земјата е членка на OGP од 2011 година. Реализирани се повеќе национални акциски планови со десетици обврски. Изграден е искуствен модел на ко-креација кој постојано се подобрува.

Како поттик за да се пријавите, и да го споделите повикот до поширокото граѓанско општество, би сакала да истакнам дека учеството во ко-креацијата на националниот акциски план за Партнерство за отворена власт е можност институциите, граѓанските организации и експертите заеднички да дизајнираат конкретни реформи кои ја подобруваат транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните. Претходните циклуси покажаа дека ваквиот процес носи реални резултати, и тоа од отворање на податоци до нови механизми за јавна отчетност.

Повеќе информации на следниот линк.

You might also like:
No results found.
Like this article? Share with your friends!

Read also: