Националната Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжува со промоција за Младинските Центри низ Македонија
Во склоп на Национална Кампања за Унапредување на Положбата на Младинските Центри продолжуваме со промоција на центри кои фигурираат во Македонија.
Младински Центар Гостивар – Youth and Community Center – Започна со работа во септември 2008 година.
Работи на различни програми и обезбедува повеќе аспекти за личен раст и развој на младите, и тоа: креативно изразување, клуб за англиски јазик, финансиска едукација, запознавање со политички систем, програма за лидерство, медиумска писменост, волонтерство и развој на младите.
Тимот се состои од сертифицирани младински работници.