Понекогаш времето не е мерило за развојот на науката и мислата во одредена област. Во последните 150 години, развојот на науката има продуцирано повеќе знаење отколку во претходни 1500 години. Стимулирањето на развојот на науката го води напред развојот на човештвото и го подигнува квалитетот на животот. Научните области се надополнуваат во знаењата една со друга. Се повеќе се посветува внимание на интердисциплинарни области, како и на граничните подрачја помеѓу различните научни области. Придонесот кој се дава денес во една научна област, утре може да биде клучен импулс за примена и развој на друга. Науката се развива и се дели на нови научни области и полиња, а новите сознанија се продуцираат со голема динамика.
Факултетот за туризам и угостителство од блиску ги следи промените во областа на туризмот и услужните дејности од 1970 година. Тој е една од најстарите високообразовни инстутиции од областа на туризмот на Балканот. Континуирано воведува промени во студиските програми, но и во начинот на работење. На почетокот почнува скромно, со мал број на наставен кадар, без сопствени простории, но со голем ентузијазам и желба за креирање на квалитетна високообразовна институција. Со посветено работење, факултетот станува препознатлив кај заинтересираните студенти кои сакаат да студираат студиски програми од областа на туризмот, но и на другите студиски програми застапени на факултетот.