Образовни институции во Охрид

Универзитет „Св. Апостол Павле“ – Охрид

1K views

Logo

Универзитет за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“— државен универзитет, кој се наоѓа во Охрид, Македонија.

УИНТ е основан од Собранието на Република Македонија со Акт за основање на Универзитетот за информатички технологии  во 2008 година. Во 2010 година, студентите од УИНТ го создадоа првиот суперкомпјутер во Република Македонија .

Меѓународниот карактер на универзитетот се забележува со фактот што УИНТ има мултикултурна популација на студенти од повеќе од 40 земји низ светот, вклучувајќи ги и домашните студенти. Повеќе од 450 домашни и странски студенти студираат на УИНТ. УИНТ има добиено акредитација за 15 додипломски и постдипломски програми и секоја од нив се спроведува на англиски јазик. Согласно академското рангирање на универзитетите во светот за 2013/2014 година, УИНТ е рангиран помеѓу првите 4 од 20 универзитети во Република Македонија.

УИНТ содржи пет факултети:

  • Факултет за комуникациски мрежи и безбедност
  • Факултет за компјутерски науки и инженерство
  • Факултет за информациски системи, визуелизација, дигитална, мултимедијална и анимациска техника
  • Факултет за применети информатички технологии, машинска интелигенција и роботика
  • Факултет за информатички и комуникациски науки

УИНТ има воспоставено меѓународна соработка и билатерални меморандуми за соработка со повеќе светски универзитети:

  • Универзитет Оукланд, Рочестер, Мичиген, САД
  • Универзитет Истанбул, Истанбул, Турција
  • Универзитет Чумхуријет, Сивас, Турција
  • Технички Универзитет Клуж-Напока, Клуж-Напока, Романија
  • Западен Универзитет Тимишоара, Тимишоара, Романија
  • Универзитет Елизад, Ондо, Нигерија
  • Универзитет Ќутахја Думлупнар, Ќутахја, Турција.

 

Бул. „Св.Кирил и Методиј“ бр.54 1000 Скопје, Република Северна Македонија

+389(0)2 3200 870

[email protected]

Related Articles

No results found.