Образовни институции во Охрид

ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид

483 views

РЦСОО „ВАНЧО ПИТОШЕСКИ” – ЦЕНТАР ЗА ПРИМЕР!

21 век е време на брзи и големи промени во секој домен на животот, па така и образованието не е исклучок.

Училиштето е секогаш подготвено за промени.

Понекогаш промените ги доживувавме како закана, иако тие можат да отворат нови можности за нас, а најмногу за нашите ученици.

Покрај економските, политичките и социјалните промени, промени настануваат и во нашиот образовен систем.

Училиштето ги практикува тие промените во следните три главни сегменти:

  • Промени во наставата и учењето: Ученикот е во центарот на вниманието;
  • Промени во технологијата: Компјутеризација и примена на ИКТ;
  • Промени во училницата: Раководење и организација на училницата.

Затоа главна цел и задача е образование на кадри од областа на угостителството и туризмот за потребите на стопанството во потесна и поширока регионална смисла, во согласност со современите текови во образованието и пазарната економија и реформите во средното стручно образование.

КОНТАКТ

Општинско Угостителско Туристичко Училиште – „Ванчо Питошески“

Улица: „Кеј Македонија“ бр. 101 Охрид
Телефон: 046/264-421
Факс: 046/260-341
Телефон (ученички дом): 046/264-416

Related Articles

No results found.