Охрид овој викенд е домаќин на првиот турнир од Јадранската Текбол лига.
На турнирот ќе учествуваат текерите од Македонија, Црна Гора, Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, но ќе гостуваат и екипи од други земји од Европа, а претставниците од Грција ќе бидат специјални гости во Охрид.
На натпреварот ќе учествува и еден од нашите најдобри текери, македонскиот репрезентативец, охриѓанецот Димитар Пејчиновски.
На првиот од петте планирани турнири на Adriatic Teqball League (АTL) за оваа година, ќе се игра во две категории, машки сингл и машки парови, а предвидениот награден фонд е 2.000 евра. Натпреварот ќе се одржи во две фази, првата (групна фаза) во салата „Билјанини извори” со почеток во 13:00ч, а втората фаза (полуфинална) на градскиот кеј Македонија од 18:00ч.
Учеството на турнирот е бесплатно, а пријавувањето се врши на официјалната инстаграм страница на лигата – @adria_teq.
Покрај турнирот, во рамки на АТL, ден претходно, во петок на 7-ми јуни Охрид ќе биде домаќин на регионалниот семинар за судии, а присутните ќе добијат шанса да станат помошни судии.