Инфо за Млади
26

ВЦС бара волонтер за долгорочен проект под наслов „Social Media and Content Creation at NaturKultur“ во Германија

Волонтерски Центар Скопје бара волонтер (18–30 години) за учество на долгорочен ЕСК-проект под наслов „Social Media and Content Creation at NaturKultur“ во Германија.

Место: Бремен, Германија
Период: 1.03.2024 – 28.02.2025

За проектот:
Истражете ги можностите за волонтирање преку NaturKultur! Можете да се придружите на забавен и креативен тим со фокус на меѓународна младинска работа. NaturKultur нуди две возбудливи позиции: Создавање содржина и Управување со социјалните медиуми.

Проектен партнер: NaturKultur e.V

Технички детали:
Проектот е финансиран од „Еразмус+“, така што сите патни трошоци (до 275 €) ќе бидат покриени во согласност со прописите на програмата. Сместувањето, храната и џепарлак, како и часовите по германски јазик се обезбедени.

Краен рок за аплицирање: 12.11.2023

Повеќе детали на следниот линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави