ОХРИД СЕГА
141

Tрет Меѓународен пливачки митинг „ОХРИД ОПЕН“ – 2023

Oваа сабота, 22 јули, на градскиот пливачки базен „Атина Бојаџи“ при СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, во организација на ПК „АКВАСПИРИТ“ од Охрид, ќе се одржи третото издание на Меѓународниот пливачки митинг „ОХРИД ОПЕН“ – 2023.

Очекуван е настап на најдобрите домашни пливачи како и гости од соседството. Се очекува да настапат повеќе од 200 натпреварувачи. Пливачите ќе се натпреваруваат во 6 возрасни категории во машка и женска конкуренција. Митингот предвидува два натпреварувачки дела и тоа утрински 08:00-12:00 и попладневен 16:00-19:30 часот, информираат организаторите.

Почеток на настанот е во 8 часот со расплив, а во 9 часот предвидено е свечено отварање и почеток на трките.

Пропозициите за настанот и резултатите може да се следат на следниов линк.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави