UncategorizedЗабаваКултураОХРИД СЕГА
180

„Вкусете го Охрид – локално“ по третпат во Охрид

Оваа сабота, 27 јули во 19 часот по трет пат ќе се организира настанот „Вкусете го Охрид – локално“ на плоштадот кај Долна Порта. Посетителите ќе може да вкусат охридски и македонски специјалитети приготвени на традиционален начин.

Настанот „Вкусете го Охрид, локално“ е организиран од движењето „Слоу Фуд“ Охрид со поддршка на Општина Охрид и „Слоу Фуд Македонија“. Преку своите уникатни приказни полни со искрена љубов кон традицијата и локалниот идентитет, тие промовираат бавна храна наспроти трендот на брза неквалитетна храна.
Слоу Фуд замислува свет во кој сите луѓе ќе можат да уживаат во храна која е добра за нив, добра за оние кои ја одгледуваат и добра за планетата. „Нашиот пристап се заснова на концепт за храна што е дефиниран со три меѓусебно поврзани принципи: добра, чиста и правична.„ – велат тие.

Придружете ни се на еднодневниот настан кој ќе биде прослава на локалните кулинарски задоволства –  ќе се прикажат богатите и разновидни вкусови на Охрид, со традиционални јадења подготвени со љубов и грижа од локални готвачи и занаетчии со храна.

 Ова е совршена можност да се доживее уникатното гастрономско наследство на нашиот регион, а сето тоа поддржувајќи одржливи и локални практики на храна. Не ја пропуштајте оваа шанса да го вкусите најдоброто од охридската и македонската кујна!

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави