ВИА ПРОМ има потреба од Референт за контрола на квалитет во производство
Потребни квалификации:
- Завршено високо образование или последна година од додипломски студии на еден од следниве факултети: Факултет за туризам и угостителство СП Гастрономија, Факултет за биотехнички науки, Технолошко-металуршки факултет, Технолошко-технички факултет СП Прехранбена технологија и биотехнологија.
- Основно познавање на производствените процедури согласно IFS и ISO 22000 се смета за предност. Доколку нема познавање од истите, компанијата ќе овозможи соодветни обуки.
- Солидно познавање на програмите за работа Excel, Word, Power Point.
- Солидно познавање на англиски јазик.
Главни задачи и одговорности:
- Учество во креирање и имплементирање на стратегии во Сектор квалитет.
- Следење и имплементација на процедури согласно IFS и ISO 22000.
- Контрола на квалитет на производствени процеси.
- Водење документација.
- Општи работни активности.
Личен профил:
- Способност за тимска работа.
- Точност и педантост.
- Одговорност при исполнување на работни задачи.
- Професионален и љубезен однос.
- Флексибилност и прилагодливост.
- Самоиницијативност и подготвеност за учење и кариерен развој.
Ние нудиме:
- Конкурентна плата.
- Работа во една смена.
- Можности за брзо унапредување.
- Позитивна и динамична работна атмосфера.
- Работа во хармоничен тим со силни семејни вредности.
- Професионален предизвик во домашна, семејна и стабилна извозна компанија со континуиран развој.
Активен до: 04.12.2024
Повеќе информации на следниот линк.