Волонтерски Центар Скопје бара 4 учесници (18-30 години) и лидер на групата (+18 години) од Македонија, кои што ќе сакаат да учествуваат на младинската размена „Introvision“ во Полска.
Место: Поронин, Полска
Датум: 20.01 – 30.01.2024
За проектот:
Проектот има за цел да ги подобри комуникациските вештини на младите луѓе, да одговори на зголемената потреба за ефективна интерперсонална комуникација во сè поглобализираниот и конкурентен свет. Ова вклучува подобрување на комуникацијата лице в лице, справување со различни интерперсонални ситуации и надминување на срамежливоста или стравот од разговор со странци.
За повеќе информации: Инфопакот
Партнери на проектот: Fraternitas
Технички детали:
Проектот е финансиран од Еразмус+, така што сите трошоци (до 240 евра) ќе бидат надоместени според прописите на Еразмус+. Храната и престојот ќе бидат обезбедени.
Краен рок за аплицирање: 17.11.2023