МЦО ПРАЈТОпштина ОхридОХРИД СЕГА
317

Одржана трибината за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид

Опција Охрид, Мрежата за заштита од дискриминација и Комисијата за спречување и заштита од дискриминација на ден 05.05.2023 (петок) од 12:00ч во просториите на Младински Центар Охрид одржа трибина насловена „Здружени и гласни за општество без дискриминација: Трибина за унапредување на пристапот до заштита од дискриминација во општина Охрид“.

Целта на трибината беше да го промовира Законот за спречување и заштита од дискриминација и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација помеѓу граѓаните на општина Охрид за да се зголеми бројот на пријави на дискриминација од страна на локалното население и да се придонесе кон поеднакво и поправедно општетсво без дискриминација. На трибината се разговараше за препознавање на дискриминацијата, начинот на нејзино пријавување, постапката пред Комисијата и начините на отстранување дискриминација. Понатаму, се разговараше за проблемите со дискриминација со кои се соочуваат маргинализираните групи граѓани.

Воведен говор и осврт кон потребата од унапредување на еднаквоста на граѓаните и кон мерките кои ги презема општината даде г-дин Кирил Пецаков, Градоначалник на Општина Охрид. При што упати им посочи на присутните да упатат прашања до него лично за некој проблем или идеја.

Г-дин Исмаил Камбери, претседател на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација ја претстави работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

За состојбите со еднаквост и недискриминација на маргинализираните заедници во општина Охрид говореа Јулијана Настоска Петреска (социјална работничка, Опција Охрид) и Марјан Шикалески (адвокат, Опција Охрид).

На крајот се отвори плодна едночасовна дискусија каде присутните ги истакнуваа секојдневните проблеми во општеството, потребните мерки кои треба да се преземат и идеи за подобрување за целата проблематика.

Модераторка на трибината беше г-ѓа Драгана Дрндаревска, Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација.

Оваа трибина е прва активност во општина Охрид од проектот „Видливи, здружени и гласни- Акција за еднаквост и недискриминација преку учество и мултисекторска соработка“ поддржан од програмата Цивика Мобилитас.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави