КултураОХРИД СЕГА
116

Театарскиот проект, „Види, летам!“ Ве поканува на претстава во Охридскиот Народен Театар

Вондерленд театар од Скопје во соработка со Младински Образовен форум (МОФ) и УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, со задоволство Ве покануваат на изведба на претставата „Види, летам!“.

Претставата ќе се оддржи на 17 јуни 2024 година со почеток од 20:00 часот на малата
сцена во Народен театар Охрид со почеток во 20:00 ч.

Влезот е слободен.

„Види, летам!“ е претстава која е правена по вистински приказни на лица бегалци, баратели на азил и лица без државјанство. Овие луѓе на посебни работилници водени од тимот на претставата, храбро ги споделија своите животни искуства со актерите, авторот и режисерот. Нивните идентитети во текот на целиот процес остануваат заштитени и анонимни. Раскажаните приказни авторот на претставата Ана Ристовска Трпеноска ги преточи во емотивен текст кој што говори за трауматичните настани низ кои овие лица поминувале но и за нивните детства, соништа, емотивни потреби, љубовни искуства и потребата да бидат дел од задницата која често ги отфрла.

Повеќе слични објави

Најпосетувани објави