Т-Мобиле има потреба од продажен претставник.
Во моментов бараме Продажен претставник за деловни корисници за регионите Охрид, Струга и Кичево кој би се приклучил на нашиот тим и би учествувал во продажните активности за нашите деловни корисници преку градење и воспоставување на континуирана соработка. Користејќи проактивен пристап Продажниот претставник за деловни корисници ќе обезбедува зголемување на задоволството на корисниците и ќе има значителна улога во растот на компанијата.
Работни задачи:
- Извршување на проактивни продажни активности со што би се исполниле месечните цели по производи и услуги
- Редовни деловни посети на потенцијалните и постоечките корисници
- Подготовка на деловни понуди и интегрирани решенија (продукти и сервиси од мобилна и фиксна телефонија и ICT решенија ) за потенцијални и постоечки корисници
- Подготовка на детален план за активности за привлекување и задржување на корисници
- Анализа на корисничките потреби и подготовка на продажен план
- Презентација, преговори и склучување на договори со корисници
- Континуирано следење на процесите за реализација и проверка на нивниот статус
- Одржување на постојан контакт, официјална коресподенција и поддршка на корисници
Потребни квалификации:
- Диплома од Факултет од областа на Електротехника, Телекомуникации, Компјутерски науки или Економија
- Минимум 3 години релевантно работно искуство
- Познавање на Microsoft Office и други компјутерски апликации
- Ориентираност кон корисници
- Одлични комуникациски, преговарачки, презентациски и организациски вештини
- Аналитички способности и способност за решавање на сложени проблеми
- Способност за донесување одлуки, стратешко размислување, самодоверба, прецизност, креативност и доверливост
Што очекуваме:
- Тимски играч
- Проактивност
- Ориентираност кон резултати
- Аналитички вештини
- Вљубеник во технологијата
Ова е возбудлива можност за динамичен поединец кој сака да напредува во брзорастечка средина и е подготвен да учествува во градењето на успехот на бизнисот. Доколку ги поседувате потребните вештини и квалификации, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот тим.
Што нудиме:
- Работа во интернационална компанија по стандарди на ДТ методологија
- Плата и финансиска мотивација (компетентен бонус) согласно утврдените интерни акти на компанијата
- Можност за континуирано професионално усовршување и развој
- Приватно здравствено осигурување
- Службен мобилен телефон и бенефиции од користење на услугите на МКТ
- Останати бенефиции како вработен во МК
Работно време:
Работното време на компанијата е флексибилно во траење од 8 часа (со почеток помеѓу 08:00 и 09:00 часот и завршување помеѓу 16:00 и 17:00 часот).
Активен до: 16.06.2024
Повеќе детали на следниот линк.